Со германското дерби меѓу Кил и Рајн-Некар Ловен вечер од 18 часот и 30 минути во Келн ќе започне осминафиналната рунда во машката ракометна Лига на шампиони.
Другите пет натпревари ќе се играат претстојниот викенд, а двојките се:
ППД Загреб – Веспрем,
Нант – Пари Сен Жермен,
Силкеборг – ПИК Сегед,
Мешков Брест – Фленсбург и
Монпелје – Килце.
Реванш натпреварите ќе се играат од 30 март до 2 април, по што ќе бидат познати шесте екипи кои ќе им се приклучат на македонскиот шампион Вардар и шпанската Барселона кои како првопласирани во групите обезбедија директен пласман во четвртфиналето.
Потсетување, дека Вардар за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од двомечот меѓу Фленсбург и Мешков Брест.