Екипите на Кил и на ПИК Сегед вечер со почеток од 18:30 часот го играат реваншот од осминафиналето од ракометната Лига на шампионите.
Гостите од Унгарија имаат предност од четири голови откако во неделата дома го победија бундеслигашот со 33:29. Тие се и единствениот тим, кој на првиот натпревар постигна победа на домашен терен.
И лани двата тима играа меѓу себе, тогаш во четвртфиналето и Кил во реваншот оствари победа за пласман на завршниот турнир.
Другите реванш осминафинални натпревари се играат во деновите од викендот, а македонскиот првак Вардар ја пречекува Висла во сабота од 18 часот.
Во сабота се играат дуелите:
Вардар – Висла (30:30 прв натпревар),
Веспрем – Мотор (29:24),
Киелце – Мешков Брест (32:28).
Двојките за в недела се:
Флензбург – Монпеље (28:27) и
Рајн Некар Ловен – ППД Загреб (24:23).