Кил избори четвртфинале во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарите на Кил изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва како гости во реванш осминафиналето го победија Рајн Некар Ловен со 26:24 и со тоа ја анулираа предноста на противникот, кој на првиот дуел победи со 25:24.

Во вкупниот резултат е 50:49 за Кил, кој во четвртфиналето ќе игра против Барселона исто како и ланската сезона.

Двете екипи се менуваа во водството, а во решавачките моменти ракометарите на Кил беа посмирени. Ким Екдал ди Риц од РНЛ со шест голови беше најефикасен, додека кај Кил најпрецизни беа Никола Билик и Марко Вујин со по пет голови.

Другите осминафинални дуели се играат во деновите од викендот: ПСЖ – Нант (26:26 прв натпревар), Веспрем – Загреб (23:22), Флензбург – Мешков Брест (26:250, Киелце – Монпеље (28:32) и ПИК Сегед – Силкеборг (26:24).

Македонскиот првак Вардар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Флензбург – Мешков Брест.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска