Кил и Рајн-Некар во дуел за место во четвртфиналето во ЛШ

Од:

Со германската пресметка меѓу Рајн-Некар и Кил, вечерва од 19 часот во Манхајм, ќе започнат возвратните натпревари од осминафиналната рунда во машката ракометна Лига на шампиони.

Домашниот тим, покрај поддршката од публиката, реванш натпреварот против Кил ќе го започне и со предност од еден гол, откако на првиот меч во Келн, ракометарите на Рајн-Некар забележаа победа со 25:24.

Натпреварот ќе го судат најдобрите македонски арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра против Барселона, која како и македонскиот шампион Вардар го освои првото место во групата, а со тоа обезбеди и директен пласман во четвртфиналето.

Останатите реванш осминафинални натпревари ќе се играат претстојниот викенд, а двојките и термините се:

Сабота (1 април):
17:00 часот ПСЖ – Нант (26:26 прв натпревар),
17:30 Веспрем – ППД Загреб (23:22).

Недела (2 април):
17:00 ПИК Сегед – Силкеборг (26:24),
18:00 Киелце – Монпеље (28:33),
19:30 Фленсбург – Мешков Брест (26:25).

Вардар за противник во четвртфиналето ќе го добие победникот од пресметката меѓу Фленсбург и Мешков Брест.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска