Кил и Барса убедливи на стартот на новата сезона во ЛШ

Од:

Кил и Барселона веднаш покажаа дека ќе се меѓу фаворитите за титулата во ракометната Лига на шампиони со убедливи победи во првото коло од елитното европско натпреварување, во кое за првпат по подолго време го нема македонскиот Вардар.

Барселона започна лошо против Пик Сегед, дозволувајќи унгарскиот тим да има предност од еден гол (15:14), но и покрај лошата дисциплина (пет исклучувања) не дозволија изненадување и стигнаа до 35:28 гостинска победа.

Кил, пак, покажа „заби“ против Елверум, победувајќи со големи 10 гола разлика (36:26). И без Сандер Сагосен, бундеслигашот водеше од стартот до финишт на мечот предводен од Харалд Реинкинд (6 гола) и Патрик Винцек и Никлас Екберг (по 5 гола).

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
ППД Загреб – ГОГ 20.45 ч.
ГРУПА Б
Кил – Елверум 36:26 (17:13)
Пик Сегед – Барселона 28:35 (15:14)
Кјелце – Нант 20.45 ч.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Пред болница во Белград нападнат е познатиот ракометар Веселин Вуковиќ

Горан Наумовски

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Горан Наумовски

Барса со невозможен камбек стигна до победа кај Целје!

За Барса нема ништо спорно во исплатата на шефот на судиите

Тунис пресилен за Македонија, не успеа камбекот во второто полувреме

Словенците и Унгарците без мака на почетокот на СП