Кикс на Атлетико и Барса, шампионот ќе се решава на „Камп Ноу“

Од:

Главните претенденти за шампионскиот трофеј во шпанската Примера во меѓусебниот дуел на „Камп Ноу“ во последното коло ќе одлучат кој ќе го освои трофејот. Ова е епилогот по вечерашните средби од 37.коло.

И Атлетико Мадрид и Барселона вечерва ремизираа, иако важеа за големи фаворити во дуелите со Малага, односно Елче.

Постигнати резултати на натпреварите од претпоследното, 37.коло во Шпанското фудбалско првенство одиграни вечерва: Атлетик Билбао – Сосиедад 1:1, Атлетико Мадрид – Малага 1:1, Елче – Барселона 0:0, Хетафе – Севиља 1:0, Гранада – Алмерија 0:2, Бетис – Ваљадолид 4:3, Еспањол – Осасуна 1:1 и Селта Виго – Реал Мадрид 2:0.

Вчера: Виљареал – Рајо Ваљекано 4:0 и Леванте – Валенсија 2:0.

Табела: Атлетико Мадрид 89 бодови, Барселона 86, Реал Мадрид 84, Атлетик Билбао 69, Севиља 60, Сосиедад 59, Виљареал 56,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска