Џејсон Кид е нов тренер на НБА лигашот Милвоки Бакс. Поранешниот прославен плејмејкер го напушта Бруклин по само една сезона и оди на тренерската позиција во Бруклин на местото на Лари Дру.
Трансферот на Кид е дел од размената според која Бруклин од Милвоки го презема правото на избор на два „пика“ во вториот круг на драфтот следната и 2019 година.
Со ова се стави крај на преговорите на Џејсон со сопствениците на Бруклин од кои побаруваше поголеми примања и зголемување на овластувањата.
Американските медиуми шпекулираат со името на Италијанецот Еторе Месина како најсериозен кандидат за наследник на Кид на клупата на Бруклин Нетс.