Кесар МВП на осмото коло од кошаркарската Супер лига

Од:

Третпат во тековната сезона во Супер лигата, кошаркарот на Кожув од Гевгелија, Игор Кесар го добива признанието за најкорисен играч на коло. Кесар на вчерашниот меч со Блокотехна за нешто помалку од 35 минути на паркетот, стигна до 36 индекс поени.

Тој средбата ја заврши со 19 поена, 14 скока и 7 асистенции.

Кожув го загуби градското дерби со 93:84.

На другите два натпревара од осмото коло во Супер лигата, Работнички убедливо триумфира против Гостивар со 99:70 додека МЗТ Скопје Аеродром го совлада Куманово со 92:57.

Би можело да ве интересира

Кадетите завршија на 12 место на ЕП во Удине

МЗТ потврди за смртта на нивниот поранешен кошаркар

Кадетите обезбедија опстанок во А-Дивизија

МЗТ потпиша со младиот Волкановски

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 14 години ќе одигра контролен натпревар со Бугарија

Претсезонски семинар за кошаркарски судии