Кери: Формула 1 ќе почне кога ќе се создат услови

Од:

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери им се обрати на љубителите на тркачката серија во врска со суспензијата на сезоната 2020 поради пандемијата со коронавирус.

– Како прво, наш приоритет е здравјето и безбедноста на сите навивачи, членови на тимови и службени лица кои учествуват Формула 1. Им се извинуваме на навивачите кои беа погодени од укинувањето на Гран-при на Австралија и одложувањето на други трки. Овие одлуки ги донесува Формула 1, Меѓународната автомобилска федерација и организаторите под брзо менување на околностите.

Ние разбираме дека сите сакаат да знаат што ќе се случи со Формула 1 во 2020 година. Сега, со оглед на ситуацијата, не можеме да дадеме специфичен одговор, сепак ќе ја започнеме сезоната веднаш штом ќе стане возможно од безбедносен аспект. Секојдневно комуницираме со службени лица и експерти, оценувајќи ги можните активности во наредните месеци, изјави Кери.

Трката за Големата награда на Австралија со која требаше да почне новата Ф1 сезона, беше одложена минатиот викенд.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона