Кербер годината ќе ја заврши како најдобра тенисерка

Од:

Германската тенисерка Анжелик Кербер во 2016 година успеа да победи на два Грен слем турнира – Австралија Опен и Ју-Ес Опен, а играше и во финалето на Вимблдон и на Олимписките игри во Рио.

Овие резултати ќе и овозможат да биде тенисерка број 1 на крајот од 2016 година.

Таа покрај овие два турнира, триумфираше и во Штутгарт.

Кербер на позицијата број 1 на ВТА листата се наоѓа од 12 септември, кога успеа да ја „симне“ Серена Вилијамс. Во оваа година таа има 59 победи и 16 порази.

Откако во 1975 година е воведена ВТА ранг листата Кербер ќе биде 12. тенисерка што на крајот на календарската година ќе биде број 1. Досега тоа им успеа на Штефи Граф, Мартина Навратилова, Крис Еверт, Серена Вилијамс, Линдзи Девенпорт, Жастин Анен, Мартина Хингис, Моника Селеш, Каролине Вознијацки, Викторија Азаренка и Јелена Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен