Премиерлигашот Тотенхем вечерашниот дуел со Реал Мадрид од 4. коло од Лигата на шампионите ќе го игра со неколку „засилувања“.
Тука пред се се мисли на капитенот и напаѓачот на тимот Хари Кејн, кој поради повреда го пропушти саботниот дерби дуел со Манчестер Јунајтед, кој неговата екипа го загуби со 1-0.
Кејн го повреди мускулот пред десетина дена на првенствениот натпревар со Ливерпул кога мораше и предвреме да го напушти теренот.
Покрај Кејн во екипата се очекува да се врати по повреда и англискиот репрезентативец Деле Али.
Натпреварот Тотенхем – Реал Мадрид се игра вечерва на Вембли со почеток од 20:45 часот. Првиот натпревар на двата тима во групата одигран во Мадрид заврши без победник 1-1.