Кејлор Навас: Не размислувам дали ќе бидам прв голман во Реал

Од:

Новиот чувар на мрежата на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Кејлор Навас не размислува многу околу прашањето, дали тој или Икер Касиљас ќе биде прв голман на „Кралскиот„ клуб.

– Не е лесно за се размислува, а уште помалку говори за тоа, кој ќе биде прва опција меѓу стативите. По минатите лекарски прегледи и потпишувањето на договорот, сега останува само упорно да работам, да тренирам. Договорот од шест години ми дава мир. Сега сум насочен кон иднината и работата и докажувањето во овој клуб. Имам и многу да научам, од соиграчите’’, изјави Навас за шпанските медиуми.

Поранешниот голман на Леванте, кој минатата сезона беше еден од најдобрите чувари на мрежите во шпанската Примера, вниманието на Реал Мадрид го привлече на Светското првенство во Бразил, каде со селекцијата на Коста Рика стигна до четвртфиналето.

Дваесет и седум годишниот Навас на Мундијалот во Бразил беше најдобриот голман на првенството со само два примени голови на петте одиграни натпревари. Тој со Реал потпиша договор вреден 10 милиони евра, а се обврза на верност кон актуелниот европски клупски првак до 2020 година. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска