Катар е против префрлањето на светското првенство во фудбал во друга земја

Од:

Претседателот на организацискиот комитет за Светското првенство во фудбал, во Катар, во 2022 година, Хасан ал Тавади категорично се спротивстави на сугестиите оваа мала земја во Персискиот Залив да се откаже од организацијата за да првенството се одржи во некоја друга држава.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека Катар веќе се подготвува за првенството и ветува дека земјата ќе биде целосно подготвена за успешно организирање на СП Изјавата на Ал Тавади е реакција на предлогот на Фудбалската асоцијација на Англија и на нејзиниот претседател Грег Дајк за избор на нова локација за светското првенство за девет години.

Според Дајк, тоа би требало да биде „логично решение“ доколку не се постигне согласност околу тоа-дали првенството да се игра во летните месеци, како што е вообичаено, или во зима, за да се избегнат пеколните летни горештини, кога дневната температура во Катар се искачува до 50 степени Целзиусови.

Дајк минатиот месец изјави дека летно СП во Катар е невозможно и сугерираше организацијата да и се додели на една од земјите кои беа противкандидати на Катар, во декември 2010 година, кога се одлучуваше за то кој ќе биде домаќин. Тоа се Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и САД.

ФИФА минатата недела првпат призна дека „можеби е направена грешка“ со одлуката организацијата на СП во 2022 година да му се довери на Катар, па светската фудбалска организација сега е наклонета на идејата за одржување на едно зимско светско фудбалско првенство.

Европските национални фудбалски федерации не се воодушевени од едно вакво решение, стравувајќи од пнарушувањето што ќе настане со организирањето на домашните првенства. Најголем и најгласен противник е, сепак, англиската фудбалска асоцијација која тврди дека таквата идеја е невозможна, затоа што ќе го наруши целосно календарот на натпревари во Премиер лигата.

Асоцијацијата на водечките европски клубови, меѓутоа, не ја отфрла идејата за зимско СП, објаснувајќи дека клубовите би можеле да се подготват за едно такво решение. Во оваа асоцијација се и десет клубови од Англија, меѓу кои сите најголеми и најтрофејни клубови во Премиер Лигата.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он