Касиљас презема тренерска улога во Порто

Од:

Икер Касиљас ќе преземе тренерска улога во Порто, додека продолжува да се опоравува. Голманот доживеа срцев удар за време на тренинг со „змејовите“ на 1 мај. Пет дена подоцна тој беше пуштен од болница.

Според информациите, поранешниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија беше на пат да сопре со фудбалот, но 38-годишниот голман ги демантираше гласините во мај, велејќи: „Еден ден ќе дојде време, во кој ќе се откажам од фудбалот. Дозволете ми јас да решам кога ќе се случи тоа. За сега, сè е во ред“.

Денеска Порто потврди дека Касиљас ќе се приклучи на тренерскиот штаб на клубот, истакнувајќи дека тој ќе го прави тоа „додека се опоравува од својот здравствен проблем“, без да се спомене прекин на кариерата.

Самиот голман го сподели следново: „Ќе направам нешто различно од она што го правам вообичаено, имено тоа да бидам на теренот. Ќе се обидам да направам врска помеѓу тимот и клубот. Тренерот разговараше со мене минатата сезона, кога се случи тоа со мене и ми кажа дека сака да останам со нив, во близина на играчите и до младите во составот, бидејќи ќе има многу промени. Ќе дадам се за да помогнам на моите соиграчи“, сподели тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

На Касилјас му здодеало да го поврзуваат со сите убави жени, па објавил….дека е геј!

Касилјас шокираше: Јас сум геј, се надевам ќе ме почитувате

Касилјас демантира дека е во врска со Шакира, која неодамна се раздели од Жерард Пике!

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска