Претседателот на европскиот шампион Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека голманот Икер Касиљас ќе остане во клубот, иако оваа сезона бранеше само на натпреварите во Лигата на шампионите и во шпанскиот куп (во двете натпреварувања Реал освои пехар).
Доколку не се случи нешто непредвидено Касиљас ќе остане во Реал до крајот на својот договор – за шпанските медиуми изјави Перез.
Во својата кариера Касиљас има одиграно 678 натпревари за „кралскиот клуб“ и притоа има освоено три титули во Лигата на шампионите, пет шампионски титули во Шпанија, два купа на Шпанија, три шпански Супер купа и по еден интернационален и европски Супер куп. Своето деби на голот на Реал го имаше во сезоната 1998/99.
За репрезентацијата на Шпанија има 153 настапи и титула светски првак и две титули европски шампион.