Касемиро: И без Нејмар, речиси ни е жал за ривалите на Бразил

Од:

Бразил ќе се судрат со Швајцарија во понеделник без својот најпозната фудбалер Нејмар поради неговата повреда при 2:0 победата над Србија, но Касемиро смета дека имаат толку талент кој може да го замени фудбалерот на ПСЖ, што речиси им е жал за нивните ривали.

„Можеме да зборуваме повеќе денови за Нејмар, за тоа каков фудбалеер е и колку е важен за нашиот тим. Тоа е неизбежно, бидејќи тој е нашиот најпознат фудбалер, но имаме играчи кои се на исто ниво како Винисиус Жуниор, Рафиња, Ришарлисон, Габриел Жесус… Ние, кои играме во обраната честопати се шегуваме дека ни е жал за ривалите бидејќи можеме да го замениме Рафиња со Антони, Ришарлисон со Габриел Жесус, Родриго со Габриел Мартинели… Имаме избор во нападот, но тоа не го менува фактот дека Нејмар е нашиот најдобар фудбалер“, вели асот на Манчестер јунајтед.

Тој исто така ги нападна тие Бразилци кои се радуваа на повредата на Нејмар.

„Вистинска штета, но постојат лоши луѓе кои посакуваат уште полошо на другите. Нејмар има големо срце и не го заслужува тоа“, вели Касемиро.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата