Кармело Ентони се сели во Чикаго?

Од:

Кармело Ентони, крилниот кошаркар на Њујорк Никс ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе стане слободен играч, што значи дека ќе го смени тимот, пренесува ESPN. Иако сеуште постои можност тој да потпише нов договор со Њујорк, според американските медиуми тоа нема да се случи.

Ентони, кој во Њујорк дојде во 2011 година од Денвер со надеж дека со овој тим ќе се бори за шампионската титула, како што пренесува истиот извор, проценил дека со актуелниот состав на Никс нема да добие таква можност.

Како негова следна дестинација се споменува тимот на Чикаго, кој може на крилниот кошаркар да му понуди четиригодишен договор вреден 96 милиони долари.

Наводно, Ентони, веќе се сретнал и со тренерот на Чикаго, Тим Тибодо.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on