Кари: Сакав да бидам избран од Њујорк на драфтот во 2009 година

Од:

Најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари, призна дека сакал да биде избран од Њујорк на драфтот во 2009 година.

– Навистина сакав да стигнам до Никс. Драфтот се одржа во Њујорк, беше роденден на татко ми, 25 јуни 2009 година. За тоа време често разговарав со генералниот директор на Њујорк. Тој рече дека ако сум на располагање, ќе ме изберат. Имаше многу возбуда бидејќи бевме во Њујорк и мислев дека ќе бидам играч на Никс. Но, секогаш внимавајте што посакувате. Се случи тоа што се случи, па сега сум играч на Вориорс, изјави Кари.

Тој беше избран како седми пик од страна на Голден стејт. Њујорк на тој драфт го избра осмиот пик Џордан Хил.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ