Кари: Оваа сезона ја сакам кошарката на нов начин

Од:

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, по победата над Милвоки (122:121) призна дека многу ужива во кошарката и покрај нестабилниот учинок на тимот оваа сезона во НБА-лигата.

Кари ноќеска постигна 41 поен против Бакс, постигнувајќи 14 од 21 удар за поле. Вориорс се 10-ти на Западот со биланс 24-27 (победи-порази).

– Се согласувам дека ја зголемив својата физичка сила. Се обидувам да продолжам да напредувам за да станам уште подобар како играч. Овде клучен фактор е вашата самодоверба, вашиот менталитет. Генерално, имаме лоша сезона досега, нашите перформанси се разочарувачки. Но, признавам дека овој нов предизвик, надминување на сите овие тешкотии ме натера да ја сакам кошарката на нов начин, истакна Кари.

Оваа сезона, 33-годишниот играч во просек бележи 29,7 поени, 6 асистенции и 5,5 скока по натпревар, со процент 40,8% од тројките.

Би можело да ве интересира

Кер: Кога ни одеше добро, ме нарекуваа генијалец на нападот, а сега сум несовремен

Ана Ололовска

Лејкерс на 12 мај ќе го истакнат транспарентот на шампионската титула

Ана Ололовска

Дончиќ по поразот од Хјустон: Нашиот тим имаше ужасен натпревар

Ана Ололовска

Атланта постави рекорд во НБА-лигата

Ана Ололовска

Јута урива рекорди во НБА лигата

Ана Ололовска

Јута постави рекорд во последователни домашни победи

Ана Ололовска