Со натпреварот одигран попладнево во Баку, во кој Карабах и Атлетик Мадрид одиграа без победник, беше отворена денешната програма од 3. коло во фудбалската Лига на шампиони.
Иако шпанскиот тим важеше за фаворит, сепак не успеа да ја оправда таа улога. Гризман и Торес имаа две големи можности, но мрежата на домаќините во двата наврати остана мирна, а резултатот на крајот беше и оној од почетокот 0:0.
Ова беше меч од Ц групата во која вечерва ќе играат Челзи и Рома. На табелата лидер е Челзи со 6 бода, пред Рома 4, Атлетико Мадрид 2, а Карабах е последен 1 освоен бод.
Дуелот во Лондон, како и останатите шест ќе започне од 20 часот и 45 минути.
Двојките во другите групи се:
Група А: ЦСКА Москва – Базел и Бенфика – Манчестер Јунајтед
Табела: Манчестер Јунајтед 6, Базел 3, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0.
Група Б: Баерн Минхен – Селтик и Андерлехт – Париз Сен Жермен.
Табела: Париз Сен Жермен 6, Баерн Минхен 3, Селтик Глазгов 3, Андерлехт 0.
Група Д: Јувентус – Спортинг Лисабон и Барселона – Олимпијакос.
Табела: Барселона 6, Спортинг Лисабон 3, Јувентус 3, Олимпијакос 0.