„Камп Ноу“ може да биде преименуван во чест на Меси

Од:

Кандидатот за претседател на Барселона, Емили Русо, вети дека ќе одржи референдум за преименување на стадионот „Камп Ноу“ во чест на напаѓачот Лионел Меси.

– Ќе одржиме референдум за промена на името на стадионот „Камп Ноу“во чест на Лео Меси“, изјави Русо за „Goal“.

За потсетување, минатото лето, Меси се обиде да го раскине договорот со каталонскиот клуб пред предвидениот рок. Напаѓачот влезе во конфликт со управата поради незадоволство од ситуацијата во тимот, но на крајот беше убеден да остане во Барселона до крајот на сегашниот договор.

Меси игра во каталонскиот клуб од 2003 година. Со тимот, тој стана десеткратен шпански шампион и четирикратен победник во Лигата на шампионите. Покрај тоа, Аргентинецот има шест „Златни топки“.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот