Камил Новак повторно во посета на Скопје

Од:

Извршниот директор на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), Камил Новак, одвои дел од своето време и го посети Скопје за време на одржување на Европското првенство за кошаркарки до 16 години.

Раководството на КФСМ – претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски заедно со Новак ги посетија спортските центри (ВИП арена при СЦБТ и големата сала при СЦЈС) каде се одигруваат натпреварите од првенството, а заедно проследија и неколку натпревари кои беа на агендата на првиот натпреварувачки ден, објавија од македонската федерацијата.
По еден ден во Скопје, Камил Новак ќе замине за Кина за претстојното Светско кошаркарско првенство.

Кошаркарската федерација на Северна Македонија ова лето организира две младински првенства, едното беше за кошаркарки до 18 години (дивизија Б) кое се одржа од 3 до 14 јули, а второто се уште е во тек.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Перо Антиќ ќе биде претседател на КФСМ и во следните четири години

Катерина Ѓуровски

КФМ спогодбено се раздели со Драган Бајиќ

Македонската кошаркарска федерација вечерва ќе ги додели признанијата за најуспешните

Ана Ололовска

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он