Компанијата „Порше“ на почетокот на мај го произведе јубилејниот милионит примерок од моделот „911“, најпрепознатливиот автомобил од својата гама.
„Порше“ низ своите досегашни седум генерации на „911-ката“ постојано се менуваше, но и со различно темпо го продаваше овој легендарен модел, почнувајќи од основањето во 1963 година.
Во рамки на одбележувањето на ова значајно достигнување, навистина се ретки спортските модели што се изработени во повеќе од 1.000.000 парчиња, германскиот производиел објави занимливо промо материјал во кој е прикажано како „911-ката“ се менуваше низ историјата, но и со кое темпо се одвиваше производството на овој автомобил низ генерациите:
Интересно е дека според проценките на компанијата, повеќе од 70 отсто од сите изработени „Поршеа 911“ и натаму е во возна состојба.
Освен тоа, моделот „911“ и натаму е најпродавано „Порше“ во историјата на овој производител, иако во наредните неколку години најверојатно ќе биде престигнато од СУБ моделот „Кајен“, што само за десет години, колку што е присутен на пазарот, веќе е продаден во 500. 000 примероци.