“Јувентус” подготвува рекордна понуда за Ван Дајк во текот на летото

Од:

Италијанскиот шампион “Јувентус” ќе се обиде да ја привлече големата sвезда на “Ливерпул” и фудбалерот број 2 за 2019 година – Вирџил ван Дајк, пренесува британскиот весник „Сан“.

„Бјанконерите“ подготвуваат рекорден договор за дефанзивецот и ќе се обиде да го убеди тимот од Мерсисајд да се раздели со Холанѓанецот.

Според информациите, „старата дама“ ќе му понуди на светскиот клупски шампион сума од 150 милиони фунти.

Ваквиот трансфер, сепак, изгледа малку веројатен, бидејќи Ван Дијк е еден од главните „виновници“ за неверојатната форма на „црвените“.

Ван Дајк пристигна на „Енфилд“ во почетокот на 2018 година за околу 75 милиони фунти.
Многу критичари го нарекоа трансферот лош договор затоа што цената е превисока, но дефанзивецот апсолутно ги демантираше ваквите тврдења со својата игра на теренот.

Би можело да ве интересира

Ван Дaјк: Не сум сигурен дали ќе продолжам да играм за Ливерпул

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ