Јувентус и ПСЖ преговараат за размена за Емре Џан и Паредес

Од:

Јувентус и Пари Сен Жермен подготвуваат размена на фудбалери преку јануарскиот преоден рок. „Тутоспорт“ откри дека „бјанконерите“ се подготвени да го пуштат Емре Џан во Париз и да го доведат Леандро Паредес во спротивна насока. И двајцата играчи се согласиле на договорот.

Јуве има проблеми во средниот ред од почетокот на сезоната, главно поради повредите на Сами Кедира, Арон Рамзи и Блеиз Матуиди. И покрај неговиот ограничен избор, Маурисио Сари воопшто не се потпира на Џан, оставајќи го надвор од составот на Лигата на шампионите. Самиот фудбалер не го криеше незадоволството од овој факт и го искажа јавно.

Паредес може да биде добро решение за гигантот од Торино. Тој има искуство во Серија „А“ од својот период во Рома, а потоа играше многу силно со тимот на Зенит пред да се пресели во ПСЖ. Аргентинецот е одобрен од спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Што се однесува до Емре Џан, трансферот во францускиот хегемон би бил одличен излез од ситуацијата за него. За Германецот се заинтересирани и Борусија Дортмунд и Фиорентина, но неговата желба е да им се придружи на Нејмар и компанија.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ