Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба

Од:

Јувентус е подготвен да се раздели со Арон Ремзи и да плати дополнителни 50 милиони евра за ангажман на Пол Погба. Манчестер јунајтед, пак, за Французинот бара 150 милиони евра, но секоја понуда ќе добие должна почит и внимание од раководството на „црвените ѓаволи“.

Велшанецот се пресели во Јувентус на почетокот на сезоната како слободен играч и без отштета по разделбата со Арсенал. Меѓутоа, засега не успева да се наметне кај Маурисио Сари. Од друга страна, ниту Погба не е најсреќен во Манчестер јунајтед и веројатно ќе нема против да се врати во клубот чиј дрес го носеше од 2012 година до 2016 година.

Погба стигна во Манчестер јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Авр и три години подоцна ја прифати понудата на Јувентус. Во август во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ за 105 милиони евра, а сега е на прагот за кам-бек во Торино.

Би можело да ве интересира

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му

Погба мора да оди на операција и ќе го пропушти Светското првенство во Катар

Војна во семејството Погба – мајката против постариот син Матијас: Тој сака да го уценува Пол!

Рајола најави можно враќање на Погба во Јувентус

А1он