Јунајтед со јасна порака до Лукаку, изваден од составот во втор меч по ред

Од:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, ја пропушти втората летна контролна на тимот откако не влезе во натпреварувачката група за мечот со Лидс (4-0). Ова е уште еден сигнал дека деновите на Белгиецот како фудбалер на „црвените ѓаволи“ се одбројани.

Интер е тим кој најсериозно го сака 26-годишниот фудбалер. Тој, пак, не беше дел од составот на Оле Гунар Солскјер кој победи со 2-0 над Перт Глори во првиот пријателски натпревар на неговиот тим од подготовките. Тогаш официјалната верзија беше дека отсуството се должи на удар, добиен на тренинг.

Според белгиски новинари, Јунајтед веќе чека Интер да се врати со нова понуда за напаѓачот. Шпански „AC“ тврди дека „нероазурите“ веќе се согласиле да ги платат бараните 80 милиони евра. Во исто време, сепак, „Скај Италија“ го задржува ставот дека италијанскиот гигант нема намера да плати повеќе од 60 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска