Јунајтед покажа сила против Бриж и се пласираше во осминафиналето на ЛЕ

Од:

Манчестер Јунајтед победи на „Олд Трафорд“ со високи 5: 0 против Бриж и со вкупен резултат 6: 1 се квалификуваше за осминафиналето на Лигата на Европа.

Головите за домашните ги реализираа Бруно Фернандеш (27-пен), Одион Игало (34), Скот Мек Томини (41) и Фред двапати (82 и 90).

Треба да се напомене дека гостите од 23 минута беа со играч помалку кога Симон Дели беше испратен со црвен картон.

Оле Гунар Солскјер им даде пауза на некои од неговите носители, но тоа не влијаеше на неговата екипа и Јунајтед забележа победа и се пласираше во следната фаза од турнирот.

Резултати од реванш дуелите од 1/16-финалето на ЛЕ

Базел – Апоел Никозија 1:0
Еспањол – Вулверхемптон 3:2
Порто – Баер Леверкузен 1:3
Гент – Рома 1:1
Истанбул Башакшекир – Спортинг Лисабон 4:1
ЛАСК – АЗ Алкмар 2:0
Малме – Волфсбург 0:3
Ајакс – Хетафе 2:1
Бенфика – Шахтар Доњецк 3:3
Селтик – ФК Копенхаген 1:3
Интер – Лудогорец 2:1
Манчестер Јунајтед – Бриж 5:0
Севиља – Клуж 0:0

Вторник:
Брага – Ренџерс 0:1

Дуелот помеѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт беше одложен.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска