Јунајтед ослабен на вечерашниот дуел со Базел

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за вечерашниот дуел од Лигата на шампионите нема да има на располагање неколку стандардни првотимци.

Мурињо информира дека најверојатно поради повреда во составот ќе го нема Фелаини, како и Баји и Џонс кои ќе одлежат суспензија.

– Поради картони натпреварот ќе го пропуштат Ерик Баји и Фил Џонс и затоа ќе треба да настапиме со нов стоперски тандем, мајевројатно тоа ќе биде Смолинг – Линделоф. Најверојатно ќе го немаме ниту Мауран Фелаини кој е многу важен за тимот и мислам дека луѓето не се свесни колку тој ни значи, истакна Мурињо.

Португалецот додаде дека во тимот владее одлична атмосфера и со нетрпение го очекуваат стартот на Лигата на шампионите.

– Со нетрпение го чекаме дуелот со Базел. Некои фудбалери за првпат ќе играат во елитното натпреварување и кај нив се чувствува посебна мотивација, рече предводникот на Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска