Јунајтед одбива да му ја покачи платата на Погба во новиот договор

Од:

Манчестер Јунајтед бара да потпише нов долгорочен договор со играчот за врска Пол Погба, пренесува „ЕСПН“. Но, Британците немаат намера значително да ја зголемат платата на играчот.

Главниот тренер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, му соопшти на извршниот директор Ед Вудворд за потребата од обновување на договорот со Погба. Функционерот се согласи, но истовремено изјави дека нема да ја зголеми значително платата на играчот според новиот договор.

Вудворд истакна дека во Манчестер јунајтед никој друг нема да добие плата еднаква на платата на Алексис Санчез. Чилеанецот заработуваше 400.000 фунти неделно во клубот.

Актуелниот договор на Погба со Манчестер јунајтед трае до јуни 2022 година.

Би можело да ве интересира

Русите го викаат Погба – плата 1.500 евра

Предраг Петровиќ

Францускиот фудбалер Пол Погба суспендиран на четири години поради допинг

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Пол Погба на чекор до четиригодишна суспензија

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ