Јунајтед нема да штеди средства за Бејл во текот на летото

Од:

Манчестер јунајтед може да го привлече крилото на Реал (Мадрид), Герет Бејл преку јануарскиот преоден рок, пренесува британски „Сан“.

Велшанецот не е среќен што игра под водство на Зинедин Зидан и е подготвен да го напушти „Бернабеу“ во зима.

Сепак, „црвените ѓаволи“ се подготвени да подадат рака и значително да ја подигнат својата класа по крилните позиции.

За Бејл е заинтересиран и неговиот поранешен тим Тотенхем, но тој ќе биде прескап за „петлите“. Вреди да се напомене дека крилото не го претпочита „Олд Трафорд“ како следна дестинација, но тоа може да се промени.

Не е исклучено Реал да побара од Јунајтед да го продаде Пол Погба, за Бејл да може да парафира со „црвените ѓаволи“. Нешто што е сосема реално со оглед на желбата на Французинот да ја мсени средината и да се приклучи на „кралскиот“ клуб.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска