Јунајтед ќе разгледува понуди за Лукаку во текот на летото

Од:

Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да ги слушне понудите на клубовите кои се подготвени да го привлечат Ромелу Лукаку во текот на летниот трансфер прозорец, пишува англиски „Телеграф“. Според англиското издание, напаѓачот е, исто така, отворен за опцијата да го напушти „Олд Трафорд“.

Се верува дека Интер, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен сакаат да го имаат во својот состав. Како пречка можат да се покажат неговата висока цена и плата, откако Лукаку пристигна од Евертон во Јунајтед во 2017 година за 75 милиони фунти. Антонио Конте, кој е поврзуван со тренерската позиција во Јувентус и Интер, исто така е голем обожавател на играчот.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер подготвува сериозна чистка во редовите на „црвените ѓаволи“, како останатите фудбалери, кои ќе си заминат летово се капитенот Антонио Валенсија, најплатениот играч во тимот – Алексис Санчез, потоа Матео Дармијан, Маркос Рохо, Андер Ерера и Хуан Мата.

Постојат сомнежи за Ерик Баји, како и за Дејвид де Хеа, кој продолжува да одбива да потпише нов договор со тимот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска