Викендов стартува новата сезона во Премиер лигата која се очекува да биде најинтересна од формирањето од ова елитно фудбалско натпреварување во Англија.
Шампионскиот трофеј ќе го брани екипата на Манчестер Сити која според букмејкерите е и прв фаворит за титулата со коефициент 3,5.
Следуваат Челзи, Манчестер Ј, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.
Оваа сезона ќе биде посиромашна за еден Рајан Гигз, Суарез но тука се многу нови ѕвезди како што е Санчез, Диего Коста, Дидие Дрогба, Куртоа…. потоа играчот кој направи најскап трансфер, новиот дефанзивец на Сити Мангала и други.
Првата средба се игра во сабота во 13:45 часот и тоа во Манчестер каде Јунајтед предводен од новиот стратег Луј ван Гал ќе игра против Свонси.