Јунајтед го сака Пепе во Олд Трафорд

Од:

Офанзивецот Николас Пепе од француски Лил е во плановите на норвешкиот тренер на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјаер, за засилување на нападот на „црвените ѓаволи“.

Според „Лондон ивнинг стандард“, Солскјаер едвај чека да конкурира за потписот на 24-годишната ѕвезда од Брегот на слоновата коска, за кого се заинтересирани и директните ривали во Премиер лигата – Ливерпул и Арсенал, но исто така и германскиот Бајерн од Минхен.

Пепе во изминатата сезона постигна 23 голови во 41 натпревар со што му помогна на Лил да се искачи на второто место во Лига 1, веднаш зад ПСЖ.

Инаку, францускиот вицешампион за услугите на неговиот напаѓач бара околу 70 милиони евра, што значи дека во игра за младиот офанзивен играч остануваат само големите и богати клубови на Европа.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска