Јовановски доби уште еден мандат на претседателската функција во ОФМ

Од:

Петар Јовановски повторно е избран за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија. Тој на денешното Изборно собрание во Штип, од вкупно 21 делегат, доби 17 гласа и доверба во наредните четири години да биде прв човек на федерацијата.

– Минавме тешка деценија, во којашто дојдовме до историски успеси. Се разбира дека минатото нема да важи ако не работиме на остварување на новите цели. Искрено ви велам дека не беше лесно, напротив, но знам дека отсега ќе биде полесно за сите. Благодарност за поддршката, ќе работиме напорно како досега со машката, но сега акцентот ќе биде да ги донесеме девојките на местото каде што се мажите, изјави Јовановски по изборот.

Целите на ОФМ за наредниот период ќе бидат: развој на клубовите, промената на генерации во машката сениорска репрезентација и процес на ревитализација на женската.

На Собранието кандидатура истакна и поранешниот македонски репрезентативец, а сегашен играч на Вардар, Јовица Симовски. Неговата програма доби поддршка од четворица делегати.

Делегатите на Изборното собрание го прифатија извештајот за работа на Федерацијата, а претставниците на ОК Вардар имаа забелешки за финансискиот отчет, по што беше решено оваа точка да се разгледува на наредното Собрание. Тогаш клубовите ќе гласаат и за новиот Статут откако во рок од 30 дена ќе достават предлози за негова измена и за дополнување.

Би можело да ве интересира

Комплетирани четвртфиналните пресметки на ЕП во одбојка

А1он

Македонските одбојкари со максимални пет порази го завршија ЕП 2021

А1он

Четврт пораз за македонските одбојкари на Европското првенство

А1он

Втор пораз за македонските одбојкари на Европското првенство 2021

А1он

Македонските одбојкари со пораз од домаќинот Финска го почнаа Европското првенство

А1он

Николиќ со две промени во однос на ЕП во Љубљана

А1он