Јотовски остана без финале на Златибор

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот на Златибор. Поуспешен од него денеска во полуфиналето беше третиот носител Пеџа Крстин од Србија. Крстин двата сета ги доби со 6:1 и 6:3 во гемови.

Ова за Јотовски беше второ полуфинале што е негов најголем успех во кариерата, претходно беше полуфиналист и на турнирот во Сомбор.

За овој резултат нашиот тенисер ќе освои нови шест поени, со кои повторно ќе напредува на АТП листата и ќе го подобри својот најдобар пласман кој го има во моментов 921 место.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ