Јотовски четвртфиналист на фјучрсот во Анталија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски избори четвртфинале на фјучрс турнирот во турскиот туристички центар Анталија.

Јотовски денеска по голема борба го победи Италијанецот Давиде Џалопини со 2-1, по сетови 4:6, 6:4 и 6:3 во меч што траеше безмалку три часа.

Следен противник на Македонецот ќе биде поуспешниот од дуелот Павел Неједли (Чешка) и Томаш Липовшек (Аргентина).

Турнирот во Анталија се игра за награден фонд од 15 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ