Јосиповиќ и Тадиќ заедно ќе го гледаат натпреварот

Од:

Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ во својата резиденција денес ги прими претставниците на фудбалските сојузи на Хрватска и Србија.

Тој најави дека натпреварот ќе го гледа со поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, за кого кажа дека е во минување, на патот до Словенија.

Претседателот на ФСС Томислав Караџиќ на почетокот на приемот на Јосиповиќ му поклонил дрес од фудбалската репрезентација на Србија, како и шише ракија.

На средбата со Јосиповиќ присуствувале и претседателот на ХНС Давор Шукер, извршниот претседател на ХНС Дамир Врбановиќ и генералниот секретар на ФСС, Зоран Лаковиќ.

-Голем ден за спортот, играат две одлични репрезентации. Убеден сум дека спортистите на теренот ќе уживаат. Се надевам дека и атмосферата ќе биде на висина на квалитетот на репрезентациите – изјави Јосиповиќ.

Караџиќ истакна дека како што се односите помеѓу официјалните лица на сојузите, така треба да биде и во сите сфери на животот во двете држави.

-Односот помеѓу луѓето кои што го водат српскиот и хрватскиот фудбал е на највисоко можно ниво и претставува модел на добри односи. Сакам такви релации да бидат и во другите сфери и помеѓу луѓето кои што работат сериозни работи – изјави Караџиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ