Јапонија ја одобри кандидатурата на Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Од:

Јапонскиот олимписки комитет одлучи да ја одобри кандидатурата на Сапоро за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година, објави „Кјодо“.

Сапоро првично сакаше да претендира за организатор на Игрите во 2026 година. Сепак, по земјотресот пред две години, ја поништи оваа одлука.

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах, претходно го пофали Сапоро како кандидат за Олимпијадата во 2030 година.

Покрај тоа, Сапоро ќе биде домаќин на некои од натпреварите од Летните олимписки игри оваа година, бидејќи времето е поладно од Токио кој ја доби организацијата.

Сапоро беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1972 година.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска