Јанша: Препораките на СЗО за пандемија од Ковид-19 не беа доволни за УЕФА

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша излезе во јавноста со остра критика за својот сонародник и претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин. Според Јанша, УЕФА е главен виновник за ширење на пандемијата на Ковид-19 и притоа не штедеше зборови на адреса на европската Куќа на фудбалот.

-Нивниот потег не беше само криминален, туку и неодговорен. Затоа ширењето на вирусот ја загрози и нашата земја. Мечот на „Сан Сиро“, во Милано, меѓу Аталанта и Валенсија беше биолошка бомба по која ништо повеќе не е исто“, рече Јанша.
„Иако Светската здравствена организација предупреди на пандемија на коронавирус, тоа не беше доволно за УЕФА да ја прекине Лигата на шампиони и Лига Европа. Тоа зборува дека тие прават се само за пари“, додаде тој.

Покрај натпреварот Аталанта – Валенсија, во јавноста се споменуваа уште два натпрвара од Лигата на шампиони како причина за дополнително ширење на коронавирусот, а тоа се Олимпик Лион – Јувентус и ПСЖ – Барселона.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“