Јанг со статистика како од видео игра

Од:

Трае Јанг постигна 39 поени и 18 асистенции за успехот на Атланта над Филаделфија со 127:117. Бен Симонс постигна 31 за Сиксерс, но тоа се покажа како недоволно за неговиот тим, како и рекордните за Шејк Милтон 27 поени.

Јанг беше на исклучително ниво, забележувајќи „дабл-дабл“ во првата четвртина.

Џон Колинс, исто така, беше на висина на задачата кај Хокс со 17 поени и 20 скокови.
Лојд Пирс и остатокот од тренерскиот штаб на Атланта му оддадоа почит на Коби Брајант, носејќи патики од неговата серија „Најк“.

Џоел Амбијад додаде 21 поен и 14 скока во осумнаесеттиот пораз во сезоната за Сиксерс.

За Атланта, тоа беше13-та победа во 39 одиграни натпревари.

Други резултати:

Кливленд – Торонто 109: 115
Вашингтон – Шарлот 121: 107
Бостон – Голден Стејт 119: 104
Денвер – Јута 106: 100.
Л.А. Клиперс – Сакраменто 103:124

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он