Јака Блажич останува уште две сезони во Цедевита Олимпија

Од:

Словенечкиот кошаркар Јака Блажич го продолжи договорот со Цедевита Олимпија на уште две сезони, јавуваат локалните медиуми.

Искусниот бек и словенечки репрезентативец минатата сезона во АБА лигата постигнуваше по 15.1 поени, 5.6 скокови и 2.7 асистенции по натпревар, додека во Еврокупот 2019/20 година, 29-годишниот Словенец имаше просек од 9,8 поени, 4,0 скока и 2,4 асистенции по средба.

„Драго ми е што се договоривме да ја продолжиме соработката. Пред нас е нова сезона и нов предизвик и во неа влегуваме со реновиран состав. Верувам дека не очекува добра сезона со добри резултати,“ изјави Блажич.

Би можело да ве интересира

Ланскиот МВП на црногорското првенство Стефан Крстајиќ ја засилува Академија ФМП

А1он

БИБЛ лигата планира нов натпреварувачки систем и унапредени финансиски услови за клубовите

А1он

Јанис: Мораме психички да се подготвиме за најтешката сезона досега

А1он

Новата сезона во АБА лигата започнува на 19 септември

А1он

Легендата на НБА Винс Картер објави повлекување по 22 сезони

А1он

Обрадовиќ го напушти Фенербахче

Ана Ололовска