Разочарани сме, решаваа политиката и интересите – реакција на семејството Ѓоковиќ

Од:

Многу сме разочарани од одлуката на Федералниот суд и фактот дека Новак мора да ја напушти Австралија. Овде не стануваше збор само за спортот и играњето на првиот гренд-слем годинава, на кој Новак доминира цела деценија, туку и за политика и интереси кои во овој случај надвладеаја се вели во соопштението од семејството Ѓоковиќ по одлуката за депортација од Австралија на српскиот тенисер.

– И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе се почитува фактот што го потврди судот – дека Новак ја има вистинската виза, дека правдата ќе биде задоволена и дека никакви ‘јавни интереси’ нема да бидат изговор за одлуката која е донесена. Ова се тешки моменти, особено за Новак, но она што треба да го направиме сите, пред сè ние, како негово семејство, е да го поддржиме повеќе од кога било досега. Ќе бидеме тука да ги споделиме ударите што ги доби, да му помогнеме да си ја врати енергијата, вербата во овој спорт, пред сè во фер-плејот, кој овде целосно отсуствуваше. Горди сме на него и на силата што ја покажа во борбата што достојно ја водеше. Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што досега секогаш несомнено го потврдувал, а тоа е дека е голем шампион и човек“, се вели во соопштението, се вели во соопштението од семејството на Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата