Извлечени паровите за плеј-офот и плеј-аутот на ракометната Суперлига

Од:

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска беа извлечени паровите за плеј-офот и плеј-аутот на Суперлигата за сезоната 2018/19.

Натпреварите од плеј-офот треба да стартуваат претстојниот викенд, но дуелот меѓу Работник и Вардар ќе биде одложен поради обврските на двата клуба во европските натпреварувања.

Ќе се играат десет кола, а најдобриот тим ќе биде крунисан со титулата Првак на Македонија. Плеј-офот почнува на крајот на март, на 23 и 24, со мечевите од првото коло, а треба да заврши на 1 и 2 јуни.

Градското дерби меѓу Вардар и Металург треба да се игра прво во СЦ „Јане Сандански” во 5. коло (27/28 април), а реваншот во Автокоманда на 1 или 2 јуни.

Прво коло плеј-оф Суперлига – мажи:

Металург – Пелистер
Еурофарм Работник – Вардар
Пролет – Бутел

Во плеј-аутот за опстанок ќе играат Охрид, Струга, Радовиш, Вардар Јуниор, ГРК Борец и Прилеп.

Кај дамите во првото коло ќе гледаме дерби меѓу Вардар и Металург, додека вториот пар го сочинуваат Куманово и Стружанка, а ракометарките на Пелистер ќе бидат слободни.

Прво коло плеј-оф Суперлига – жени:

ЖРК Металург – ЖРК Вардар
Куманово – Стружанка

ЖРК Пелистер се слободни во првото коло.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ