Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа извлекувањето на групите од националниот куп.
Вардар Јуниор, Вардар, Охрид и Металург ќе бидат домаќини на четирите турнири од групната фаза.
Според системот на натпреварување, победниците на четирите групи ќе се пласираат во полуфиналето од Купот. Во секоја од четирите групи ќе настапат по четири екипи, кои ќе се борат за првата позиција.
Натпреварите од групната фаза ќе се играат на 16 и 17 април.
Изглед на групите и двојки:
Група 1 – домаќин: Вардар Јуниор, Скопје
Вардар Јуниор – Зомимак М
Пелистер – Младост 09
Група 2 – домаќин: Вардар, Скопје
Работнички – Вардар
Металург 2 – Македонија ЃП
Група 3 – домаќин: Охрид 2013, Охрид
Охрид 2013 – Пролет 62
Прилеп 2010 – Вардар 2
Група 4 – домаќин: Металург, Скопје
Радовиш – ХЈС Работник
Металург – ГРК Борец
Завршницата на Купот на Македонија (полуфинале и финале) е предвидена да се игра на 14 и 15 мај. По завршувањето на турнирите ќе бидат извлечени полуфиналните двојки.