Изов ја препушти улогата фаворит на Австрија

Од:

Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација Кирил Изов, во пресрет на утрешниот натпревар против соодветната австриска селекција, рече дека гостинките се фаворити за освојување на бодовите.

– Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австрија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел, бидејќи не можеме да сметаме на капитенот Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немаме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе се бориме во текот на сите 90 минути и ќе биде убав фудбалски натпревар, рече Изов.

Средбата ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

Фото: ФФМ

Би можело да ве интересира

ЖФК „Каменица Саса“ есенски шампион во Првата женска фудбалска лига

Ана Ололовска

Меган Рапино ја зеде „Златната топка“ кај жените

Фудбалерките повторно надиграни од Австрија

Андоновски нов селектор на светските шампионки САД

Ана Ололовска

Во наредните четири години, ФИФА ќе потроши милијарда долари за женскиот фудбал

Ана Ололовска

Македонската женска фудбалска репрезентација поразена од Србија

Ана Ололовска