Изов: Франција е апсолутен фаворит, ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме

Од:

Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Кирил Изов се соочува со доста проблеми во пресрет на натпреварот со Франција.

– Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Наташа Андонова и Гентјана Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот. Франција е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме и покрај отсуството на неколку важни фудбалерки за нас, изјави селекторот на македонската женска репрезентација, Кирил Изов.

Собирот на женската репрезентација е закажан на 18 септември во хотел „Парк“ во Скопје. Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.

Натпреварот е закажан за 22 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалерки поразени од Франција

Ана Ололовска

Македонските фудбалерки во ослабен состав на дуелот со Франција

Ана Ололовска

По добиените негативни резултати на коронавирус, ЖФК „Каменица Саса“ продолжуваат со подготовките за настап во ЛШ

Ана Ололовска

ФФМ преку петгодишна стратегија ќе го развива женскиот фудбал во државата

А1он

Јапонија ја повлече својата апликација за организација на Светското фудбалско првенство за жени во 2023 година

Ана Ололовска

ФИФПро: Кризата може да стави крај на женскиот фудбал

А1он