Избрани најдобрите на евро-шампионатот во Полска

Од:

До крајот на Европското ракометно првенство во Полска останува уште финалниот дуел, но веќе е познат идеалниот состав, најкорисниот играч (МВП) и најдобриот одбранбен ракометар.

Меѓу најдобрите нема ниту еден Македонец, иако Кирил Лазаров доби најмногу гласови од навивачите. Сепак според жирито, за него немаше место во идеалниот состав.

Во ол-стар тимот на ЕП се најдоа:

голман – Андреас Волф (Германија),

десен бек – Јохан Јакобсон (Шведска),

централен бек – Сандер Сагосен (Норвешка),

лев бек – Михал Јурецки (Полска),

пивот – Хулен Агинагалде,

лево крило – Мануел Штрлек,

десно крило – Тобијас Рајхман.

Шпанскиот плејмејкер Раул Ентрериос е добитник на наградата за МВП на овој европски шампионат, додека Хенрик Молгард од Данска е избран за најдобар дефанзивец.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ