Ивановиќ прва полуфиналистка на Ролан Гарос

Од:

Српската тенсиерка Ана Ивановиќ прва успеа да се пласира во полуфиналето на годинашниот Ролан Гарос откако во четвртфиналето ја победи Елина Свотолина од Украина со 2:0 во сетови.

Првиот сет Ивановиќ го доби со 6:3 во гемови, а во вториот беше 6:2 во меч што траеше 65 минути.

Ивановиќ беше победничка на Ролан Гарос 2008 година, а во 2007 година играше во финалето.

Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде победничката од дуелот Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Луси Сафарова (Чешка).

Утре во четвртфиналните мечеви ќе играат: Серена Вилијамс (САД) – Сара Ерани (Италија) и Тимеа Башчински (Швајцарија) – Алисон Ван Ујтванк (Белгија).

Денеска на програмата на Ролан Гарос се играат и два меча од четвртфиналето кај мажите:

Кеи Нишикори (Јапонија) – Жо-Вилфред Цонга (Франција) и Стан Вавринка (Швајцарија) – Рожер Федерер (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекорден 14. трофеј за Рафаел Надал на Ролан Гарос

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Кралот на земја“ го продолжува походот по 14. титула од Ролан Гарос

Ана Ололовска

Руне го испрати Циципас дома

Направен исклучок за мечот на Ѓоковиќ и Надал

Предраг Петровиќ

Надал против Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос

ВИДЕО: Повторно инцидент-со рекетот удри дете во публиката