Ивановиќ: Не ја донесов одлуката преку ноќ

Од:

Кратко време по соопштувањето за крајот на професионалната кариера, Ана Ивановиќ за сајтот ВТА го даде своето прво интервју во кое тој објаснува како се чувствува по една од најтешките животни одлуки.

– Бев нервозна, но се чувствувам добро. Не ја донесов одлуката преку ноќ, ја имав на ум некое време, но се обидов да го следам срцето, што за мене е најдобро. Почнав да играм тенис, бидејќи го сакав овој спорт. Јас се уште го сакам, но време е се тргнам од различни причини. Немав многу среќа со повредите, пред две години бев во Топ 10, а потоа следат подеми и падови поради бројни повреди. Минатата година имав одлична предсезона, работев многу но осцилациите продолжија. Така почувствував дека е време да се повлечам, изјави Ивановиќ

Таа додаде дека тенисот ја направи посилна личност, и помогна да ги пронајде вистинските пријатели и дека со него ги совладала лошите моменти во животот.

Ивановиќ својот прв трофеј во кариерата го освои во Канбера 2005 година, три години подоцна триумфира на Ролан Гарос, освои уште 14 турнири, а последен пат на ВТА турнир трофеј освои на 21 септември 2014 во Токио.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен